БОМБА НА Ахмети : Трогнат сум од заминувањето на Гзим Острени, во власта бев со четворица македонски премиери. „Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски паднаа. Сега на ред е Никола Груевски“.

0
332

Не треба да дозволиме од овој голем скандал на објавените прислушувања, судирот помеѓу СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, да премине во судир помеѓу Македонците и Албанците, рече синоќа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за албанската телевизија Ора њуз. Тој пред албанската јавност потсетил дека изминативе години во власта бил со четворица македонски премиери. „Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски паднаа. Сега на ред е Никола Груевски“, изјавил Ахмети.

Тој потврди дека неговиот разговор што бил објавен во „бомбите“ е автентичен, но нагласи: „Али нема никакви хипотеки ни кон ВМРО-ДПМНЕ, ниту кон СДСМ. Инаку немаше да бидам тука“. Тој истакна дека е трогнат од заминувањето на неговиот соработник Гзим Острени, кој неодамна најави дека ќе формира нова партија.