„Бомбата“ ги отвори раните за 12-те киднапирани Македонци

0
276

sdsm bbb

– По снимките што го слушнавме за овој политички договор, повторно ќе бараме да се покрене истрага за случајот со нашите блиски – велат дел од семејствата на 12-те Македонци киднапирни во 2001 година.

Криминалот не смее да се исплати!

Мирјана Најчевска од Институтот за социолошко и политичко-правни истражувања, вели дека податоците од „бомбата“ само го потврдуваат сознанието дека во име на освојување на политичката власт и одржување на воспоставената коалиција со ДУИ, претставници на Владата и пратеници во Собранието на Република Македонија решиле свесно да ги заобиколат законите и да постапат спротивно од насоките добиени од страна на меѓународната заедница за четирите случаи на воено злосторство префрлени од Хашкиот трибунал до македонските национални правосудни органи.

„Уште во 2010 година се обидов да ја објаснам процедурата која мора да следи во врска со овие случаи, а во 2011-та ова објаснување го ставив во контекст на тогашната постапка на власта под насловот „Криминалот не смее да се исплати“. Со оваа постапка тогашната и актуелна власт не само што ги прекрши законите и законски предвидените процедури, туку свесно и намерно ја промовираше неказнивоста на криминалните дејствија од големи размери и со тоа најотворено застана на страната на криминалот, наместо на страната на правото. Уште повеќе, на ваков начин ја изигра и довербата покажана од страна на меѓународната заедница, која сметаше дека Македонија како земја кандидат за влез во ЕУ, веќе има изградено независна судска власт која не е подложна на политички (партиски) протисок и која може да ги спроведе процедурите на утврдување на вина и казнување до крај“, вели Најчевска.

„Пораката која што се праќа е – не е важно правото, важен е политичкиот договор, не е важна правдата, важен е политичкиот договор и дека насилството се исплати“, напиша таа пред четири години.

Како куриозитет поврзан со амнестијата на хашките случаи, јавноста го памти наводното писмо што тогашниот хашки осуденик, Јохан Тарчуловски, на 7 јули му го испратил на премиерот, а го објави МИА.

„Премиере Груевски, покажи доблест да се затвори ова последно поглавје од 2001 година. Разговарајте за тие Хашки случаи, проверете ги законите, и ако има можност решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата“, напишал Тарчуловски. Во факсимилот од писмото што го објави МИА, стоеше потпис „Јохан Тарчуловски, син на Македонија, затвор Хаг“.

Во тој период Тарчуловски веќе беше префрлен во германскиот затвор Диез.

Целиот текст прочитајте го тука