Боки 13 со жестока реакција до демонстрантите кои запалија слика од Заев

0
577

“Овие кои што денеска во Австралија протестираа и палеа слики на премиер на држава (грозно и одвратно, за секоја осуда) им предлагам да си дојдат овде во нивните села и од тука да си го бранат името! И на крајот да ги прашам ако толку си го сакаат името и ако толку си ја сакаат земјата што не останале овде, зашто се отселиле од Македонија, зашто не останеле овде па да видат како народов едвај врзува крај со крај!
На народов му треба здрава егзистенција, пари, нови инвестиции и вработувања, подобар стандард, доста го труете народот со омраза која не води никаде!”- напиша на Фејсбук, Бојан Јовановски.