Бодигард на Сашо Мијалков нападнал јавна обвинителка, но ослободен од вина поради блиски релации со власта!!!

0
289

Основниот суд во Виница го ослободи од вина лицето „Драганчо Стоименов со прекар Дацо Белски„ (бодигард на Сашо Мијалков и оштетен во политички-монтираниот случај ДЕТОНАТОР) за напад над Јавен обвинител. Нападот над Јавниот обвинител се случи пред очите на судијата,токму во неговата судница, а тој го ослободи од вина напаѓачот. Нападот над Јавниот обвинител се случи кога се одржуваше главен претрес на предмет кој се води во Основниот суд Виница од далечната 2009 година, каде обвинет е повторно Драганчо Стоименов, а оштетен е осуден од Детонатор и дузина полицајци.

watermark-1-540x296

Линк од ослободителната пресуда: http://www.osvinica.mk/Odluki.aspx?odluka=10711

Ние, семејствата и блиските роднини на осудените од политички-монтираниот случај „ДЕТОНАТОР„ се прашуваме до кога „независносто судство„ ќе си поигрува со судбините на обичните граѓани на Македонија? Зарем специјалниот Извештај на Прибе и Извештајот на Меѓународната кризна група не се доволен услов судиите да почнат да си ја извршуваат својата должност, за што патем и дале заклетва дека ќе одлучуваат во „ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА„ а не во името на „ПАРТИЈАТА НА ВЛАСТ„? Дали и овој судија од Основниот суд во Виница ќе одговара за своите постапки, со оглед дека за процес кој се води од 2009 година, каде обвинет е повторно Драганчо Стоименов, сеуште нема донесено Пресуда (за што до Судскиот совет на РМ е поднесена и Претставка пред години наназад), а за напад над јавен обвините донесе ослободителна пресуда за напаѓачот? До кога „независните судии„ ќе ги затвараат интелектуалците, а ќе ги ослободуваат КРИМИНАЛЦИТЕ?

За потсетување е само случајот кога двајца осудени од ДЕТОНАТОР добија дополнителни 2 години затвор поради две прашања упатени на обвинителката Вилма Рускоска, на денот на изрекување на нивната пресуда: „Како, Вие обвинителке ќе спиете вечер? Кај ќе

Ви оди душата?„ Прашањата беа наменети на обвинителката која го водеше случајот, а како загрозена и нападната во дадениот судски процес се јави судиката која го водеше процесот ДЕТОНАТОР и која во моментот на поставувањето на прашањата беше повлечена со целиост Судски совет да одлучува по притворот на обвинетите и воопшто не беше присутна во судницата. Интересна мистерија за разрешување на некој иден „независен„ Јавен обвинител.

За овие прашања, двајца осудени добија дополнителни 2 години затвор од судиката која на јавноста и е позната под псевдонимот „SWAROVSKI”!!!

За нападот на Драганчо Стоименов врз Јавната обвинителка од Основното јавно обвинителство Кочани, која во пост-периодот од нападот беше 24 часаовно обезбедува од МВР со месеци, Драганчо е ослободен од вина!!!

Марко Зврелвски се грижи ли за своите колеги, или неговата грижа е насочена единствено кон налозите издадени од „НАЧАЛНИКОТ„?

Чувствуваме потреба да и кажеме на јавноста дека ПРАВДАТА која ја делат судовите на РМ е една „чудна и загонетна мистерија„ која и врвните експерти од Европа и светот ја констатираат, но залудно!

Но исто така и кажуваме на јавноста, а пред се на чинителите на нашата голгота, дека ние, семејствата и блиските роднини на осудените од политички-монтираниот случај „ДЕТОНАТОР„ нема да се откажеме од потрагата по ПРАВДАТА, која во овој момент е на дното од своето постоење.

Со почит.
Семејствата и блиските роднини на осудените од политичко-монтираниот случај „ДЕТОНАТОР„

фото: Академик.мк