Богоевски: Каков патриот е Груевски, станал премиер бидејќи бил во џебот на Кондоминас

0
215

Слободан Богоевски вчера направи нешто што требаше одамна да се направи. Целата наша „политичка криза“ и владеењето на фамилијата го претстави како што е – како кривично правно и криминално, а не како политичко прашање, пишува активистот Павле Богоевски на Фејсбук.

„ Како до сега не ни е јасно? Овие криминалци, овие, буквално, мафијаши – немаат место ниту на политичката сцена, ниту во политичкиот дискурс во нашата држава. Нивите имиња не припаѓаат во историските учебници или на избирачките листи, тие припаѓаат во судските записици и казнените евиденции. Каков патриот е Груевски, кога станал премиер бидејќи бил во џебот на Кондоминас? Кога со криминалци се договара за нашето име?

Каков шеф на тајната безбедност е Мијалков, кога единствено претходно искуство со полициските служби му било кога се обидувал да ги избегне при вршењето кривични дела? ‘Кога шефот е таков, правилата не важат за ниеден надолу. Се криминализира институцијата’.

Каква партија била ДПМНЕ, штом ‘нашата влада е целата обвинета како злосторничко здружение… тоа е фамилијарен клан на криминална организација’?

И за крај, мојот омилен дел: ‘Доколку овие луѓе што поскоро не ги снема, јас се сомневам дека македонскиот народ и држава ќе опстанат. Ние сме на бездната на постоењето поради вакви криминални банди’, пишува Боговски цитирајќи делови од интервјуто.

СПОДЕЛИ