Биљали: Изборот на Илиевски во Стразбур нема никаква врска со некаква поддршка на овдешната власт

0
453

Ви го пренесуваме ставот на професорот Мерсел Биљали за изборот на судија на Судот за човекови права во Стразбур.

„Тоа што како епилог заврши при гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа, нема никаква врска со некаква поддршка на овдешната власт. Првин, евидентно е дека Комисијата даде препорака за Наташа Габер. Ставовите на Комисојата по вакви прашања скоро секогаш биле испочитувани од пратениците кои доаѓаат од земјите членки на Советот на Европа. Но, сега изгледа некој силно излобирал кај одделни пратеници кои гласаат тајно и веројатно ги „импресионирал“ добро за да гласат спротивно на ставот на Комисијата. Но, треба да знаеме дека таму пратениците гласаат тајно по свое убедување. И ако се има предвид дека таму се 47 земји члени на Советот на Европа, каде што членуваат и државите од Западен Балкан и Молдова и Грузија и слични држави, кои ниту знаат нешто за Македонија, ниту ги интересира. Па лесно може некој да се договори поединечно со нив. Но, мислем дека наскоро ќе стане проблем, ако овдешните постапки покажуваат дека некој силно ја поречувал правдата, не преземал процедурални дејствија, така што работата може да заврши поинаку. И мора да знаеме дека Совет на Европа не е Европска Унија“, вели Биљали.