Биљали: Груевски заминува во опозиција

0
320

Мерсел Биљали, политички аналитичар за „Фокус“ вели дека нема дилеми – партијата на Груевски конечно ќе стане опозиција, после десетгодишното владеење во Македонија, и дека сите тези дека е можно ДУИ да влезе во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ во новата влада, ќе паднат во вода. Меѓународниот фактор ќе одигра во клучниот момент и во разрешување на политичкиот јазол по изборите на 11 декември нема да биде погазена волјата на граѓаните кои својот глас го дадоа за промени.

Во однос на изјавата на Бујар Османи, портпарол на ДУИ, дека партијата на Ахмети би коалицирала само со онаа партија која ќе биде спремна да ги исполни петте ветувања, што му ги дале на албанското гласачко тело за време на изборната кампања, Биљали е уверен дека тоа нема да се случи, и дека е постизборно тактизирање кога политичарите само купуваат време, правејќи математика со сите можни коалициски комбинаторики.

Повеќе ОВДЕ