БИРН ОТКРИВА: Избирачкиот список полн со починати, иселени и „фантомски“ гласачи!

0
414

Починати, иселени и „фантомски“ гласачи откри БИРН само неколку часа по објавувањето на апликацијата за проверка на избирачкиот список, иако таму стои дека податоците се ажурирани до 1 декември 2015 година.

Полни раце работа ќе има Државната изборна комисија (ДИК) при прочистувањето на избирачкиот список, доколку се суди според податоците на веб-апликацијата за проверка на листата на гласачи која ДИК ја објави вчера.

Преку оваа апликација граѓаните со внесување име и презиме, адреса или матичен број можат да проверат дали се запишани во избирачкиот список и на кое гласачко место гласаат во својата општина.

Иако на веб-страницата стои дека податоците се ажурирани до 1 декември 2015 година, БИРН веднаш го пронајде името на лицето Аднан Садики, кој баран преку Интерпол, го сменил името во Аријан Алиу и кој починал пред една година во Скопје. БИРН веќе пишуваше дека починатиот Алиу е заведен дека живее на улицата Антон Попов 3, број кој на терен не постои.

adnan sadiki