Беса и Алијанса за Албанците ја осудуваат реториката на Груевски

0
337

ДУИ не ја објаснува својата позиција во однос на тоа дали или нема да коалицира со Груевски и покрај неговата реторика против НАТО и ЕУ која доби на интензитет последниве денови.

“Ние немаме стратешки партнер кај македонските партии, нашата адреса за соработка се петте ветувања кои сме ги претставиле уште во предизборната кампања. Ние остануваме на ставот дека секое добро што и се случила на оваа држава и се случило во соработка со меѓународната заедницата. Сега очекуваме потврдување на резултатите од ДИК а потоа ќе седнеме и ќе изградиме став во партијата што се однесува до соработката во иднина со било која македонска политичка партија”. – изјавува Бујар Османи, портпарол на ДУИ

Од ДПА не ја коментираа антизападната кампања поттикната од Груевски, а од движењето Беса велат дека реториката на Груевски докажува дека тој не се стреми да ја интегрира земјата во евроатланските структури.

„Партијата на човекот кој владееше досега, склон на дискриминаторска и исклучувачка политика кон Албанците, со говорот кој го користеше против амбасадорите на пријателските земји, како што е говорот користен против амбасадорите на САД и ЕУ, докажува дека Никола Груевски е ориентиран во политики кои најмалку имаат за цел светла иднина на граѓаните и нивната евроатланска перспектива“. – соопштуваат од Беса.

Од Алијансата за Албанците говорот на Груевски го оценија како обид за дестабилизирање на земјата.

„Говорот користен од Никола Груевски на разговорите со меѓународните претставници, особено кон амбасадорот на САД и тој на ЕУ, се навреда кон нашите дамнешни западни пријатели. Обидот да се понуди дестабилизација на земјата, за тесно партиски цели претставува најлош пат на демократијата“. – соопштуваат од Алијанса за Албанците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на синоќешниот протест на неговата партија пред ДИК упати сериозни критики кон западните амбасадори. Груевски изјави дека амбасадорите треба да стават крај на мешањето во внатрешните работи на државата и ги обвини нив дека се обидуваат да влијаат на промената на изборниот резултат.

Извор: Алсат