Бате Саше и врхушката си регрутираат нови АНАЛНИ ИСЦЕДОЦИ во СВАРОВСКИ СУДСТВОТО : Снежана Бајлозова ја токмат за нова претседателка на Врховниот суд

0
620

Снежана Бајлозова, тукушто избраната судијка во Врховниот суд ќе биде нова претседателка на Врховен, тврдат за СВЕДОК извори од Судскиот, откако заврши огласот и се знаат кандидатите

На огласот за Претседтел, нов мандат бара Лидија Неделкова, досегашната претседтелка, Јово Вангеловски, екс претседателот на судот, судијката Беса Адеми и Бајлозова, која беше неодамна избрана за судија.

-Врховниот суд беше оценет како неажурен бидејќи немаше доволен број на судии, па Бајлозова, која имаше најмногу поени од Апелација, ќе избие над другиве кандидати, без оглед што нема стаж во Врховен и ќе ја добие претседателската функција. Ова е повеќе од сигурно. Ништо не беше случајно ни со изборот на судиите во Врховен – потенцира извор од Судскиот совет за СВЕДОК.

Бајлозова. е судија која јавноста ја памети по повеќе скандалозни одлуки, во предмети каде што судела. За почеток, Снежана Бајлозова беше една од судијките од скопска единица чии предмети поради непресудување се најдоа на „црна листа“ што ја изготви Амбасадата на САД во Скопје.

Во јавноста имаше големи реакции кога Бајлозова донесе ослободителна пресуда за Агим Красниќи и кондовската група, а наспроти нив, беа осудени двајца новинари од Албанија кои ги снимале активностите на кондовската група.

Екс премиерот Никола Груевски по објавување на одлуката за Красниќи рече дека е „шокиран од одлуката“ што ја донесе судијката Снежана Бајлозова.

Но, случајот „кондовска“ група не беше единствен што заврши така под палката на Бајлозова. Јавноста беше скандализирана и со одлуката за благо (условно) казнување на полицајците кои упаднаа и дивеаја во дискотеката „Процес“ во ГТЦ.

Снежана Бајлозова го ослободи од вина и братот на градоначалникот на Ѓорѓе Петров, лекар од Воена Болница. Го судеше предметот Бранко Црвенковски против Никола Младенов за клевета, каде што досуди 30.000 евра оштета за случајот познат како „Швајцарски сметки“.

Бајлозова, во една прилика, кога Претседтелот на Врховниот суд Дане Илиев отворено застана против нејзиното напредување во Судскиот совет, плачејќи, пред двајца новинари во судница изјави дека „ќе направи се за да го елиминира влијанието на Илиев и да напредува во кариерата“.

Минатата година, името на Бајлозова се спомена во бомбите, каде што младата судијка Софија Лаличиќ му ја објаснува на Сашо Мијалков кој треба да биде избран за судија. Лаличиќ бара од Мијалков за судија да биде избрана Виолета Арнаудовска, сестрата на Снежана Бајлозова, што е и сторено. Сестрата на Бајлозова, тогаш го фати последниот воз по стариот закон и без академија на 53 години стана судија. Распоредена е на работни односи во Основниот суд Скопје 2.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ