А1он откри нов СКАНДАЛ со судиите од тефтерчето на Јанкуловска : Арнаудовска одлучи јубилејот на Академијата за судии и обвинители да го слави во Музејот на ВМРО

0
496

Скандалозна е одлуката на претседателката на Академијата на судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, одбележувањето на 10 годишниот јубилеј од основањето на Академијата да го одржи во Музејот на ВМРО (Музеј на македонската борба за државност и самостојност и жртвите на комунизмот), пренесува „А1он“.

Наместо во простории на судството и обвинителството, свечената сала на Врховниот суд, Големата сала во објектот на Јавното обвинителство на РМ, кои се далеку посоодветни за одбележување на ваков настан, Арнаудовска, најверојатно за да се додвори на партијата на власт, свеченоста ќе ја одржи во објект со партиска етикета и за објект кој е дел од „бомбите„ на опозицијата и СЈО води истрага.

Музејот е спорен и по изградбата и по името и по постановките. Во Музејот секојдневно се спроведуваат и венчавки.

Целата сторија ОВДЕ