А СЕГА БЕ ВМРОНИ – БОМБА НА ЛИДЕРОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА: Договорот со Грција нема влијание врз македонскиот идентитет

0
2521

-Јас лично и Виножито излеговме со став како граѓани во Грција и се надеваме дека ќе се направи чекор напред со овој договор. Веруваме дека договорт дава позитивен инпут за владите и граѓаните во двете држави.

Ако навлеземе во идеолошките елементи на договорот сакаме да потецираме два важни сегмента. Од една страна знаеме сигурно дека вопшто не станува збор за националните идентитети. Никаков проблем и рефелксија нема овој договор врз националниот индентитет. Префиксот Северна не значи било какво оспорување на идентитетот- вели во интервју за Нова Павлос Воскопулос Филипов, лидер на движењето Виножито кое ги застапува правата на Македонците во Грција.

Мислиме дека тоа воопшто не влијае врз националниот идентитет. Ние сметаме дека македонскиот национален индеитет е загарантиран секаде во светот. Цел свет го признава и тоа го знаеме добро. Грција и Бугарија имаат внатрешен проблем со македонското прашање. . Кога станува збор за национален идентитет нема да има никаков проблем, но исто така сакаме да потецираме дека настојуваме да гледаме напред и да има мир за следните генерации.Но со овој тип географски префикс имаме мала резерва. Некој Германец или Италијанец ако слушне на пример за Севрена Лапонија, тоа му прави асоцијации дека има и јужна , исто така може да се запраша зошто е поделена земјата на јужна и северна или да има други некои асоцијација кои од зависнот од властите во двете држави.

НОВА: Што мислите како може да се превенираат овие несакани ефекти од овој префикс?

Воскопулос: Овој тип на референци како географската прави асоцијации за поделби за соединување или стимулира некои мегаломански иделогии. Не знаме како ќе биде за 20 , 30 години. Затоа треба да се работи на терен . Нашиот став е , читајќи го договорот има член што наведува на правење на заеднички комисии. И дај Боже деца од Македонија и Грција да учат од заеднички книги историја како што направија Французите и Германците за да се едуцираат младите генерации во насока на меѓусебно почитување. Само ако просечниот Грк или Македонец се едуцираат во духот на меѓусебното почитување, само тогаш нема да имаме проблем со префиксот . Ние укажуваме на ова за да ставиме на знаење дека може да има проблеми ако не се работи на превенцијата. Нужни се реформи во образовните системи на двете држави и унапредување на космоплитизмот за да се овозможи со овој Договорт да се постигне вистинскиот ефект за градење на вистински добри односи меѓу двете држави.

Интервјуто со Павлос Воскопулос Филипов, лидер на движењето Виножито кое ги застапува правата на Македонците во Грција во целост прочитајте го ОВДЕ.