АЈМО ОБАЧЕ И ВИЕ НИ НИЕ И ВСИЧКО ХУБАВО ЗА ХОРАТА НА БЛГАРИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ : БУГАРСКИОТ ВРВ РАНО УТРОВО ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ПОДДРШКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

0
158

Бугарскиот претседател Румен Радев за денеска закажа консултативна средба на државниот врв за билатералните односи со Северна Македонија и очекуванат одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Средбата треба да се одржи во претседатескиот кабинет во 09:30 часот, а темата е „Преглед на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на резултатите од работата на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања и очекуваната покана до Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија“.

Поканети се да присуствуваат премиерот Бојко Борисов, претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева, вицепремиерката и  министер за надворешни работи Екатерина Захариева, координаторите на парламентарните групи, претседателите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања и контрола на европските фондови, на изборната комисија, како и претставник на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни работи.

Бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, коментирајќи го неодамнешното интервју на претседателот Стево Пендаровски вчера изјави дека „доколку  Комисијата за историски и образовни прашања нема рок, тогаш ќе нема рок и патот на Северна Македонија кон Европската унија“. -Неприфатливо е некој да мисли дека тие едноставно ќе ја искористат Бугарија само за влез во Европската унија, рече Каракачанов.

Тој вчера и излезе со уцена дека ќе ја напушти владата на Борисов ако Македонија не се сопре кон ЕУ,без да се изјасни надминување на разликите околу припадноста на Гоце Делчев.

Повеќето ова го коментираат како изборен маркетинг со оглед на тоа што во Бугарија се случуваат локални избори.