Ајде Грујо да си исчекаме и за твоја глава пута пет пати : Иво Санадер од ХДЗ, која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ од хрватскиот уставен суд е осуден на 4,5 години затвор

0
164

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска по четиригодишен судски процес, неправосилно е осуден на 4,5 години затвор по обвинението дека во 2009 примил 17 милиони куни (2,28 милиони евра) „провизија“ при купувањето на зграда од страна на Минстерството за регионален развој, на чие чело тогаш беше Петар Чобанковиќ.

Како што јави ХИНА, според обвинението во случајот „Планинска“ парите отишле на сметка на компанија на Стјепан Фиолиќ, поранешен висок функционер на Хрватската демокаратска заедница (ХДЗ) на Санадер.

Санадер нема да оди в затвор се дури пресудата не стане правосилна.

Поранешниот премиер на Хрватска од почетокот на процесот, па се до последното рочиште, ги отфрлаше обвиненијата кои, меѓу другото, беа засновани на признание на Чобанковиќ, кој притоа се спогоди со судот.

Уставниот суд на 25 ноември 2015 ја укина првата пресуда против Санадер од 2012 за случите со „Хипо“ и „Ина МОЛ“. Претходно, Санадер беше притворен во Австрија поради обид за бегство во 2010, по што и беше екстрадиран на Хрватска.

Санадер се бранеше од слобода со кауција од 12,4 милиони куни (1,66 милиони евра).

СПОДЕЛИ