АЈДЕЕЕ, ТОТАЛЕН РАСПАД НА ВМРО ДПМНЕ: ЧЛЕНОТ НА ИК, НИКОЛОВСКИ – НЕ ПРИСЛУШКУВАА СТРАНСКИ СЛУЖБИ, ТУКУ САШО МИЈАЛКОВ!!!

0
6966

Член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ за НОВА изјави дека “немало никакви странски служби, не прислушуваше Мијалков”.

На вчерашната седница на ЦК на ВМРО ДПМНЕ најдраматичен момент, според извори на НОВА, била иницијативата за предлогот ОК да го исклучи од членство во партијата Сашо Мијалков. Иницијативата ја поднел потпретседателот на партијата Александар Николовски кој истапил со став дека партијата мора да расчисти со “материјалистите” за да се врати на идеалите на партијата а со тоа да им се овозможи и делување на “идеалистите”, вели член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ кој побара анонимност.

Николовски, според истиот извор, во своето излагање по иницијативата навел повеќе информации околу тоа како Мијалков профитирал финансиски благодарејќи на привилегиите кои му ги овозможила партијата. Николовски навел дека партијата за негови лични интереси десетици пати гласала за промена на закони кои биле единствено во служба на задоволување на лукративните интереси на Мијалков.

На нашето прашање околу ставот на ЦК на ВМРО ДПМНЕ за улогата на Груевски за сите обвинувања на сметка на Мијалков, нашиот извор нагласи дека во врска со тоа ќе се произнесат наскоро.

Николовски во своето излагање исто така нагласил дека партијата претрпела огромни штети поради тоа што, како што рекол Николовски, Мијалков а не странски служби, го вршеле прислушувањето при што најголем дел од прислушуваните се членови на ВМРО ДПМНЕ. Николовски во своето обраќање исто така го обвинил Мијалков дека тој физички му се заканувал на пратеникот Муковски за да го принуди да гласа за поддршка на уставните измени.

Иницијативата на потпретседателот Николовски била прифатена едногласно. Што се однесува до исклучувањето на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров тој, како што велат нашите извори од ЦК на ВМРО ДПМНЕ, бил обвинет за непринципиелна соработка со политичките противници.