АЈДЕЕЕЕЕ, ШТО НЕ ЗЕМЕТЕ ЦЕЛА ФАМИЛИЈА ДА СЕ ИЗРЕДИТЕ БЕ?! СЕСТРАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ВРАБОТЕНА ВО ЕЛЕМ?! ПРЕМИЕРЕ РЕАГИРАЈТЕ, ОВИЕ НА ТВОЈ ГРБ АЗДИСАА И СЕ ПОВМРОВЧИЈА!!!

0
1584

И додека во јавноста не стивнуваат реакциите за распредлбата на парите во секторот култура, нов скандал ја тресе фотелјата на министерот за култура Асаф Адеми.

Неговата сестра е вработена во ЕЛЕМ на неопределено време и тоа на почетокот на месецот, објави Телевизија 24.

Од ЕЛЕМ за Телевизија 24 посочиле дека месецов се вработени две женски лица во хидроцентралата „Маврово“ во Гостивар.

На 3-ти февруари се склучени договорите. Лицето Хидајете Алили е вработена како референт во правна служба во гостиварската централа.

Министерот Адеми за телевизијата потврдил дека името на неговата сестра се совпаѓа со името на вработена во централата, но не знае дали неговата сестра добила работа.

Се поставува прашањето, што чека премиерот, зошто не реагира и не побара поништување на овие огласи и не бара итно гласање во собрание на закон со кој ќе се спречи ваков срамен непотизам?!?!

Не смее во државно да се вработи блиска роднина на пратеник, министер, премиер, претседател и друга значајна државна функција, затоа што јасно е дека е применет системот УСЛУГА ЗА УСЛУГА, односно ја на тебе ти на мене, механизам од кој пати оваа држава сто години и кој се надевавме дека ќе сопре со новата власт, но засега СДСМ и ДУИ и во случајов и БЕСА продолжуваат таму каде што ВМРО ДПМНЕ застана!