Ах Богдане, Богдане, свесен ли си дека никој не ве сака, само Албанците ве сакаат, РОПАК ЕДЕН!!!

0
4627

Ах Богдане, Богдане… Знаеш ли дека многу си подобар кога не зборуваш туку пушташ музика, дефинитивно не те бива за политика. Ќе те разочарам но морам да ти кажам дека Бетмен не постои, Бетмен не е реалност, Бетмен е фантазија.

Исто така ќе те разочарам но морам да ти кажам дека и ти ќе завршиш како Мирјана Китановска која остана ем гладна ем без функција. Нема ни трага ни глас од нејзе.Не секој може да има среќа како Филип Петровски, Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев. Гладнуваа ама добија функција.

Не сум аналист ниту пак некој си професор само еден обичен државен службеник кој работи за малку пари. Но сакам и сум морално должна да ти ги разјаснам некои работи што сум ги следела од моите 13 годинии. Во февруари 1997 година штрајкуваа со глад против настава на албански јазик каде загина едно албаско дете од некакви такви како тебе, амбициозни жедни за власт со погрешни упатства.

А јас ја памтам Мирјана Китановска бидејќи не можев да сватам зошто не јаде сакав да и однесам бурек со јогурт. А знаеш ли Богдане ( бетмен ) зошто сето тоа се направи, за да се повлече вниманието бидејќи во Њујорк беше Стево Црвенковски и Каролас Папуљас и потпишуваа спогодба за промена на официјалното знаме на Република Македонија.

На 5 октомври Собранието на Р. Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутните 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за промена на знамето на Р. Македонија. Значи проста математика Албанците учат на мајчин јазик а вие сами си го сменивте знамето.

Бетмену како може човек да бара нешто кога веќе го има.Ние тука сме од постоењето на Македонија, сме и ќе бидеме, оваа држава е Твоја, Моја, НАШЕ ропаку.

Како се оосмелувате да барате СМРТ ЗА ШИПТАРИ кога корените ни се измешани од мајката на Александар Велики која е шиптарка, Мајка Терза е шиптарка од Македонија и твоите “најдобри„ другари се шиптари. Како можете да мразите нација која е единствена што Ве сака и да им посакувате на вашите комшии ГАС и КОМОРА. Грција не ве сака, Бугарија не ве сака, Србија не ве сака. Само ние Ве сакаме. Навистина ли веруваш дека албанците сакаат да се смени знамето грбот химната ???

НЕЕЕЕЕЕ Бетмен драг да даде господ да станеш Спајдермен можеби ќе мислиш по рационално и без емоции. Грција Бугарија Европа и светот тоа го бараат со години од Македонија. Е што мајка ги мешате пак албанците. Кажими Бетмену кој ја сака државата повеќе ЈАС или ТИ.

Албанија ни нуди албански пасоши кога сакаме бидејќи сме албанци, но ретко кој зима бидејќи си ги имаме нашите македонски пасоши. А Вие што направивте со бугарските пасоши секој втор македонец има. Сега објасни ми кој е по патриот за нашата Македонија. Јас не ја давам не ја менувам…ја сакам каква што е. Да, исто така и јас сакам чиста Македонија чист воздух, чисти улици, особено ЧИСТО СКОПЈЕ со градски културни нефрустрирани, неискомлексирани луѓе. Ми фали онаа Скопска шема скопски убави деца фраери и фраерки убаво облечени со патики, без шминка,природни БЕЗ ПРОВИНЦИЈАЛИ и ПРОВИНЦИЈАЛКИ. Тие како Тебе ни создаваат вакви проблеми.

Те молам Бетмену не шири дезинформации не шири омраза немаме потреба од тоа. Ти посакувам да станеш функционер бидејќи гледам дека тоа го сакаш, ропак.

Авторот е познат на редакцијата…