Ахмети ќе „пее“ кај Катица за рушењето на „Космос“!

0
134

Претседателот на Демократската унија за интеграција – Али Ахмети неделава е повикан на разговор во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Космос“, пренесе порталот Нова повикувајќи се на извори од СЈО. Оттаму велат дека во тек е сослушувањето и на останати сведоци поврзани со овој случај.

Срушениот објект „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски на двапати беше споменат воаудио снимките кои ги објави опозицискиот лидер Зоран Заев , односно во 5. и 13. „бомба“.

Во еден од разговорите се слуша како премиерот Груевски нарачува на местото да се изгради убав парк, а објектот вели дека најдобро е да се сруши во „фул-сезона“ на годишни одмори. Подоцна и премиерот и екс министерот Јанакиески ги демантираа ваквите тврдење, образложувајќи дека за случајот „Космос“ запазена е градежната процедура.

Образложението на градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски пак, беше дека објектот се градел спротивно на законите односно дека отстапил од предвидениот проект за околу метар и половина.