АХМЕТИ СО ЗАКАНА КОН СДСМ И ЗАЕВ : Нека имаат на ум дека за 15 месеци ВМРО-ДПМНЕ го ставивме на колена!

0
1096

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во интервју за ТВ21, ја коментираше изјавата на пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој рече „што подалеку од ДУИ, тоа подобро“.

-Нека се обидат да ја видат ДУИ во опозиција, тогаш ќе ја почувствуваат вистинската сила на ДУИ. Јас побарав сите да се обединат и да ја победат ДУИ и да видат каква е ДУИ како опозиција. Но, дали ќе можат да преживеат ако ДУИ е опозиција, рече Ахмети.

Потоа Ахмети додаде:

-За 15 месеци ја ставивме на колена од ВМРО.

Лидерот на ДУИ додаде и дека доколку нема цензус од 40 отсто во вториот круг на претстојните претседателски избори, можно е претседателот на државата да се избира во Собрание.