АУУУ ОВА Е ЈАКО, ПО СЕ ИЗГЛЕДА ОВА Е ЛОГИКАТА ЗОШТО ГЕРО СЕ ГУШКАЛ СО ХИПО И СКИЕЛ СО КУМ СТАВРЕ НА БОРОВЕЦ : ГЕРО КАКО УРЕДНИК НА ,,ШПИЦ” ЗЕМАЛ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ВЛАДИНИ РЕКЛАМИ ОД ГРУЈОТА ЗА ВЕЛИЧЕЊЕ НА РЕЖИМОТ ОД ВМРО-ДПМНЕ?!?!

0
2475

Ненад Живановски во својата најнова преписка преку порталот ,,Ливада” како реакција на текстот од Геро тврди дека тој за дневниот весник ,,Шпиц” како уредник земал валкани пари од Грујо и ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами и кампањи.

  • Героски понатака пишува: „Второ, лаже Живановски кога вели дека „Шпиц“ земал буџетски пари. Буџетски пари за весниците не се делат уште од 2000-2001 година. А точно е дека се бунтував поради корупциските распределба на народните пари за кампањите за јавните политики во медиумите. Се бунтував со право, бидејќи „Шпиц“ беше далеку најтиражниот и највлијателен македонски дневен весник – и кога беше бесплатен и кога беше со цена од 5 денари. Тоа со рекламите е системско прашање, кое не е решено до ден денешен“. Овој дел ми е фејворит во целото писание на Героски. Не знам дали е потребно да објаснувам во што му е грешката во правдањето, или таа е толку очебијна, па да оставам читателите сами да судат и носат заклучок? Би го парафразирал Николче Младенов (лесна му земја!) кој за доделувањето народни пари за владини реклами јасно рече/напиша дека тоа е суптилна корупција на владата со медиумите за да ја купи нивната лојалност и од тие причини Фокус ниту земал ниту ќе земе такви валкани пари.
  • За разлика од Николче, непобитен факт е дека Героски земал народни пари за величење на „јавните политики“ на Груевски и владата на ДМПМЕ во Шпиц, и од каде, во годините потоа, го црпи кредибилитетот да им суди и ги обвинува останатите вмровски медиуми за нешто што и самиот го правел!? Воедно и да му објаснам: не била корупциска распределбата на парите како тој пишува, туку корупциски бил самиот проект за реклами на владините политики. Героски е искусен новинар во медиумскиот бизнис, а не француска собарица, па да е толку наивен и не го разбере тоа; туку, едноставно, не е гадлив на парите и за него парите немаат боја: дали се црвено-црни или сини.

Целиот текст на колумната од Ненад Живановски може да ја прочитате ОВДЕ