Ауууу јеботе, па Гоца Бесни брк се осечала невина ?!

0
159

„Подговарам пред сите институции, не само пред судот“, изјави поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која  беше на распит во Кривичниот суд бидејќи е  третообвинета во предметот „Тврдина“ на СЈО, пренесува ТВ21.

Јанкулоска изјави дека не се чувстува виновна и дека Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на СДСМ.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје ги укина решенијата на судијата на претходна постапка кој ги оцени како неосновани предлозите на СЈО за определување на мерка притвор за началникот на Петтата управа при МВР, Горан Грујовски, и мерките за претпазливост за останатите четворица осомничени и дополнително ја оспори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за предметот за уништувањето на опремата за прислушување.

Во врска со предметот „Тврдина“, поднесен е предлог за определување мерка притвор против едно лице, како и предлог за определување мерки за претпазливост против четири лица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 и 361 од Кривичниот законик.

За предметот „Тврдина“ шефот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, пред аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов беше во куќен притвор. Распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за овој предмет беше прекинат бидејќи му се слоши на судијата на претходна постапка.