„Атинската платформа“ на Груевски

0
1198

Изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица ја следат низа скандали, па големата инвестиција од 250 милиони евра експресно се претвори во корупциска афера.

Проблемите се појавија уште на самиот почеток, кога на тендерот, како најповолен понудувач беше избран грчки „Актор“, кој има за 40 милиони евра повисока понуда од италијанската компанија, што значи дека само еден километар автопат чини 9,1 милиони евра, што е поскапо од многу автопатишта во регионот.

Според податоците што ги обезбеди „Фокус“, досега се комплетирани 90 отсто од оваа автопатска делница, а во меѓувреме, европските истражители испитуваат дали македонски функционери добивале поткуп за грчката фирма да го добие тендерот.

За разлика од нив, македонските институции сите документи, докази и материјали ги чуваат затворени во фиоките на Основното јавно обвинителство

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот “Фокус”