Атанасовски: Градоначалникот на Охрид нè откачи како 13-то прасе!

0
289

„Со колешката вчера отидовме да му направиме интервју на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кое претходно беше уредно договорено за во 14 часот, на темата – како младите се иселуваат од градот. Дојдовме во 13:56 како што е редот, пред нас чекаат 2-3 граѓани да влезат кај него. Во ред, нема проблем, културно чекаме, всушност се шуткаме кај секретарката или протоколот што и да е, и никој 15 минути не ни понуди да седнеме“, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, фотографот Роберт Атансовски.

Тој вели дека додека чекале прием кај градоначалникот дојде до идеа да им поклони една негова омилена фотографија од Охрид која беше објавена во сите светски весници.

„После 3-4 средби нè прими градоначалникот со зачудена фаца, како да сакаше да каже ‘што барате кај мене’, небаре сме дошле да просиме пари или да бараме спонзорство за пинг-понг олимпијада. Не се ни поздрави како што треба, седна на столчето со гард како да е во најмала рака градоначалник на Њујорк. Кога колешката почна да го прашува вообичаени прашања за темата, тој одма рипна како со вода да го полеал некој и кажа – Па ние не сме се договориле за интервју.

Другар, никој не ти бара интервју, туку е културно да се праша градоначалникот 2-3 прашања кога веќе сме се договориле. Не сме дошле од Скопје за времето да збориме. Нели! Или тоа протоколот не ти го кажал. Исто така ние не сме продавачи на фалц-парфеми да се однесуваш така со нас и да ни кажуваш дека си мислел оти ние туку-така сме дошле само да те видиме“, истакнува Атанасовски.

Тој потенцира дека пиеле кафе и со поголеми фаци од него и дека се виделе со многу градоначаници, но никој така лошо не се однесувал.

„Градоначалникот одговори на 2-3 прашања паушално и рече дека не знае ништо, за сè друго не префрли да бараме одговори во Завод за статистика, пришто ни кажа дека нема време за нас оти има состанок. Тоа траеше околу 2 минути. На кратко- нè откачи како 13-то прасе! Најверојатно за некоја нова тенда на Охридско езеро. Па и ние имавме состанок закажано!? Или ова нашето не беше состанок, а преку протоколот го договоривме!? Епа другаар смени си го протоколот или промени нешто, бидејќи вака не ја бива, тебе не те бива другар. Далеку си ти од Блумберг! Далеку е Охрид и од Струмица! Немој мене да ми продаваш пуфки оди зачисти си го езерото – лом ти е!

П.С. Слики никогаш нема да ти дадам!

Активистите на ЦИВИЛ Центар за слобода го осудуваат односот на протоколот и градоначалникот на Охрид и бараме од државните и локални претставници да ги почитуваат медиумските работници.

Ц.М.

Извор : ЦивилМедиа