Арсенал го помина Рен, Интер елиминиран од Ајнтрахт

0
1189

Арсенал иако имаше два негатива по мечот во Франција, денеска славеше со 3:0 и со вкупни 4:3 се пласира во четвртфиналето од Лига Европа, Интер на свој терен загуби од Ајнтрахт Франкфурт и доживеа елиминација.

Арсенал важеше за голем фаворит во двобојот со Рен, но резултатот од првиот меч го направи реваншот неизвесен. Французите на Емирати истрчаа со предност од 3-1.
Вечерва Арсенал покажа дека е поквалитетен противник, славеше со убедливи 3-0 и заслужено оди понатаму.
Предноста на гостите беше анулирана уште по 15 минути игра, Арсенал поведе со 2-0 со головите на Обамејанг и Мајтланд Наилс. Со овој резултат топчиите веќе беа пласирани, но заверката дојде во 72. минута кога Обамејанг постигна уште еден погодок поставувајќи го конечниот резултат.
Немаше погодоци на мечот во Франкфурт меѓу Ајнтрахт и Интер, па денешниот дуел од Милано почна со 0-0. Германскиот тим на трибините имаше поддршка дури од 15.000 навивачи кои допатуваат од Германија.
Во една таква атмосфера Ајнтрахт беше подобар противник од Интер, победи со 1-0 и тоа со гол постигнат уште во шестата минута од натпреварот. Стрелец беше Јовиќ.
Виљареал го победи Зенит и во Русија, тогаш со 3-1, а вечерва во Шпанија го совлада со 2-1 и многу полесно од очекувањата се пласира во четвртфиналето.
Извор : МКД