Антонио Милошовски се САМОУТЕПА пред камерите на Телма И ГО ДОЗАКОПА ВМРО-ДПМНЕ ПЕТ МЕТРИ ПОД ЗЕМЈА : Прислушуваните разговори од БОМБИТЕ се вистински!

0
3386

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вечерва во емисија на ТВ Телма, во жестока дебата призна дека се точни разговорите кои ги објави СДСМ.

Милошоски призна дека се јавувал да интервенира за некој студент и призна дека нарачувал лустрација на судија од Кичево.

Според Милошоски тој судија бил кодош на УДБА и затоа од претседателот на Лустрациска Томе Аџиев, барал тој да се лустрира.

Досега Антонио Милошоски од прес конференции повторуваше дека лентите биле монтирани, сечени и лепени.