АНАЛИЗА – УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА СЕ ГОТОВИ: Јанко гледаше во таван и се чудеше што да каже, Латас молеше да му се донесе ЦД-то, а Миленко очајно лепеше слики на табло со нервозно провокативно забивање на клинците во челото на сите оние што ги закачи!

0
621

10855082_1068927846457571_1795772577301449995_o

Во петокот вечерта се случи уште еден доказ дека деновите на овој режим се изброени и дека најверојатно Боркица веќе ги пакува и скапите тањири кои ги добила на подарок во Пекинг на последната промашена тура на Грујо во оваа земја.

Да одиме по ред. Прво Јанко покажа дека се фатени како серат во туѓо лозје во сред бел ден со тоа што веднаш по објавувањето на бомбата,  ја помина цела емисија зјапајќи во таванот и чудејќи се и самиот што да каже како да го брани Грујо кога просто не се брани:

Потоа три дена сите молчеа и мислеа и заседаваа што и како да прават. И се што можеа да смислат е ова очајно молење на Латас до Заев да му го даде ЦД-ти и да не објавува ништо, Латас за малку на сред вести во живо ќе му ветеше на Заев дека ако треба и ќе му го испуши во сред вести, само да се среди работата:

Шлаг на тортата тури Миленко кој во петокот најавуваше бомба, а се што имаше да понуди е нервозно лепење на сите опозиционери на табла без да има да каже ништо ново, туку само ги повторуваше старите приказни и навреди, но индикативно е што бесот и очајот го покажуваше со тоа што клинците ги забиваше право во чело на сите портрети, фројдовски праќаше порака дека режимот е спремен и да ги ликвидира непријателите на диктаторот. Во својата збрканост и немоќ, Миленко направи и еден гаф, па во обид да го оцрни Сашо Ордановски се збуни и почна да го фали дека бил одличен, одличен новинар?! Погледнете и самите:

По ова, остана нејасно, зошто го лепи на таблата ако е одличен, одличен новинар?! Дали затоа што така му е наредено или ќе оди во затвор да ги одлежи казните за проневерата за визите?!