Америка нема да ја напушти Сирија до исполнувањето на трите цели

0
55

Американската амбасадорка при Обединетите Нации, Ники Хејли изјави САД нема да ги повлече своите сили од Сирија до исполнувањето на трите зацртани цели.

Хејли за „Фокс њуз“ наведе дека првата цел е да осигура дека не се употребува хемиско оружје, втората е целосно поразување на „Исламска држава“ и третата е да биде создадена добра позиција за надгледување на Иран.

„Наша цел е американските трупи да се вратат дома, но нема да заминеме додека не се осигураме дека сме ги постигнале овие цели“, рече Хејли.

Во друго интервју денеска, американската амбасадорка изјави дека Сирија не е вредна за директни преговори со Вашингтон.

СПОДЕЛИ

НАПИШИ КОМЕНТАР