Безмалку три години му требаше на Мицковски за да го осуди насилството на 27-ми април 2017-та година. Со години тој тврдеше дека тие биле испровоцирани, херои, патриоти, жртви на хунтата на Заев. Но вечерва на ТВ 24 за прв пат го осуди насислтвото:
– Не можам да го оправдам насилството, го осудувам и тогаш и сега. Тие што влегоа во собрание го направија тоа од патриотски причини, но насилство не можам да одобрам, напротив, го осудувам и сите тие што употребија насилство!