Активистка на УМС на ДПМНЕ Кр.Паланка: Ако ова е ВМРО, тогаш НЕ БЛАГОДАРАМ!

0
534

По денешната прес конференција на ОО СДСМ Крива Паланка на која беа обелоденети податоци кои според нив укажуваат на недомакинско работење на директорот на ЈП Комуналец, Томе Тодоровски, се вклучи “алармот” во кривопаланечката јавност, јавуваIportal.mk

Откако слушнаа како директорот Тодоровски со парите од касата на јавното претпријатие си купувал, ФЕН, ПЕГЛА, МЕМОРИ ДИПЛОМАТ ДУШЕЦИ од 600 евра, правел гозби по ресторани и кафеани ширум Македонија и Европа, граѓаните веќе јавно и гласно коментираат дека ова е веќе претерано однесување на одредени функционери.

Ова е фејсбук статус на активистка на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка кај која преовладало чувството на загриженост и општествена одговорност, наспроти слепата партиска послушност.

Извор: iportal.mk