АКАДЕМИК ВЛАДО КАМБОВСКИ: КАТИЦА ИТНО ДА ГИ ВИКНЕ АБОЛИРАНИТЕ СВЕДОЦИ

0
435

Сведоците на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) што останаа во милост на претседателот Ѓорге Иванов имаат обрска пред законот да сведочат и смеат да бидат сослушувани во предметите што ги води тимот на Катица Јанева, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК академик Владо Камбовски.

„Специјалното обвинителство итно и без одлагање треба да продолжи да ги повикува аболираните сведоци, ако ги има меѓу тие 34 што останаа од списокот на 56 помилувани на 12 април,вели Камбовски. И покрај селективната аболиција што на 27 мај ја направи шефот на државата, Камбовски објаснува дека и според  Уставот и Законот за кривична постапка, овие лица, иако останаа аболирани, се должни да се одзват на поканите од Специјалното обвинителство.

Не се знае колкумина од тие 34 лица што останаа помилувани од претседателот се сведоци на СЈО. Аболицијата на 12 април беше најавена како помилување на политичари и нивни соработници кои што се осомничени од СЈО, или под истрага за криминал кој може да произлезе од прислушуваните разговори. По смртта на скопјанецот Коста Крпач, кој исто така беше на списокот на помилувани, излезе дека тој не бил ниту под истрага, ниту пак осомничен, туку бил сведок во еден од предметите на Специјалното оббинителство.

Повеќе за изјавата на Камбоски може да прочитате ОВДЕ