Со одлука на Владата на Република Македонија, за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување е именуван Аднан Џафероски.
Џафероски е роден 1969 година во с.Лажани, Општина Долнени. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент. Член е на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
На челната позиција во Дирекцијата за заштита и спасување Џафероски доаѓа во време кога на територијата на Република Македонија беснеат повеќе пожари. Последниот избувна во попладневните часови од вчерашниот ден во близина на манастирот „Трескавец“ кај Прилеп, а им се заканува и на неколку населени места од Општина Долнени.
На функцијата директор на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски доаѓа на местото на досегашниот директор Шабан Салиу.