Адвокатот Тортевски предлага „Протестирам“ да отвори сметка за донации за судски казни

0
291

Адвокатот Александар Тортевски препорачува дека е неопходно да се отвори жиро сметка на која граѓаните ќе донираат средства кои би се користеле при исплата на штета кон одредена институција, каков што е сега примерот со канцеларијата на Иванов, пренесе Фокус.

Поттикнат од судскиот процес против неколкумина демонстранти од кои се побарува да ја надоместат материјалната штета за кабинетот на Иванов во висина од 15 илјади евра, адвокатот смета дека е време граѓаните согласно можноста да уплатат одредена сума на сметката, а тие пари во иднина би се користеле за исплата на штети, не само во случајот со Иванов, туку и со други, следни обиди на власта преку судството да извлекува пари од демонстрантите, а со тоа да ја намали нивната упорност и истрајност на улица.

-Можеби најдобро ќе биде таа сметка да ја отвори движењето „Протестирам“ и да има некаква контрола за да се знае кој колку пари уплатил на сметката и како после тие пари се користат. Еве јас се нафаќам да бидам првиот што на таа сметка ќе стави донација со цел да покажеме дека не се плашиме од власта, дека сме солидарни и дека ниту еден демонстрант нема да биде оставен на цедило“- вели Тортевски.

Текстот вo целост прочитајте го ОВДЕ