Шахпаска: Министре Тодоров доста е, време е да си одите

0
290

Министре Никола Тодоров доста е. Време е да си одите, а затоа да ви го кажам ми дозволија 9-годишната Тамара Димовска од Велес, родилката и новороденчето од Гевгелија, 14-годишното девојче, исто така од Гевгелија, родилката што почина на скопска Гинекологија, потоа „Мој термин“, жените од Шутка кои немаат гинеколог да ги прегледа…. Вака почна денешната интерпелација за министерот за здравство Никола Тодоров, каде прва за збор се јави пратеничката Јагода Шахпаска.

– Да не зборуваме за долговите во кои тонат јавните здравствени установи, со двата директори не ја постигнавте целта. Докторите спасуваат човечки животи, а директорите на избори ќе обезедуваат гласови. Нема реагенси за компјутерски снимања, нема греење, нема дури аспирин и парацетамол. За цитостатици воопшто и да не зборуваме, долги се листите на чекање за зрачна терапија. Сечете црвени ленти само да се сликате, а болниците немаат технички прием. Требаше да си заминете кога го уништивте Стоматолошкиот центар. Требаше да си одите и поради криминалните тендери што редовно ги правите – истакна Шахпаска.

Според неа, лекарите се претворени во административци, а листите на чекање се долги.

– На маката на граѓаните собирате гласови. Требаше да си заминете и поради промашениот проект за кој прво требаше да плати министерството за здравство, а сега се плаќа со народни пари. Ги собравте парите од народот и уште не сакате да си одите. Колку пари потрошивте за барок, за нема пари за лекови. Концесијата за дијализата ја дадовте на кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски. Смртноста на пациентите на дијализа е зголемена. Требаше да си одите и заради промашениот проект за дефибрилатори, кој чини 100 милиони евра, а апаратите не се користат – додава Шахпаска.