ШЕМА „ОСМОЛЕТКА„

0
266

1. На ден 30.09.2015 год. на Саемот за вработување, што се организираше во рамките на владината кампања “Македонија вработува“ кој се одржа во Домот на културата Марко Цепенков-Прилеп ., братчето на Градоначалникот , сосема случајно си најде вработување во ПИ Витаминка, ни помалкуи ни повеќе на работна позиција директор за извоз на Витаминка за Австралија.

2. Градоначалникот со одбрана делегација од Бизнис секторот, деновиве заедно отпатуваа за Австралија и сосема нелогично ама братот на Градоначалникот, отпатува наредниот ден по поаѓањето на делегацијата предводена од Градоначалникот и сосема случајно во делегацијата се најдоа двајца претставници од ПИ Витаминка и тоа едниот како директор за извоз на Витаминка и а другиот како директор за извоз на Витаминка за Австралија.

3. Сосема случајно во бизнис делегацијата од Прилеп се најде и директорот на Прилепска пивара, иако во овој бизнис сегмент, Прилепска Пивара не дава никаква бизнис понуда за нашите бизнисмени од Австралија.

4. Во истата временска рамка и во сопствена режија за Австралија заминаа и други Прилепски бизнисмени. Градоначалник! Конструкцијава на шемава ти е со интелектуален капацитет „Осмолетка„, а знаеш ли зошто? Си слушнал ли Градоначалник за ИНТЕРПОЛ? Меѓународната организација за криминалистичка полиција, која е најголемата меѓународна полициска организација, во која членуваат 190 земји од светот, меѓу кои и Македонија уште од далечната во 1993 година, кога беше воспоставено и НЦБ (Национално централно биро )ИНТЕРПОЛ-Скопје.

Видиш Градоначалник во рамки на Одделението на НЦБ ИНТЕРПОЛ Скопје, работат полициски службеници – инспектори, по линии на криминал: меѓународна потрага по моторни возила, недозволена трговија со дрога и оружје, недозволена трговија со луѓе и криумчарење мигранти, финансиски криминал, насилен криминал и тероризам, како и идентификација на лица и проверка на документи. Што значи Градоначалник, ако на пример некој овде кај нас, те улови дека си сторил криминал а не може или се направи дека не може во државава да го најде трагот на парите кои се проневериле, и ако постојат или се сака да постојат индиции дека таквите средства се изнесени надвор од Р.Македонија, може преку ИНТЕРПОЛ да прибави известувања за имот и имотна состојба за лица за кои се претпоставува дека таквите средства се пренесени.

Потоа Градоначалник тие лица можат а и не мораат да докажуваат на како начин ги заработиле таквите средства со оглед на нивните тамошни приходи, по сите основи. За подетални информации прочитај статус со наслов „КРИМИНАЛОТ НА БЕЛИТЕ ЈАКИ И ФОРЕНЗИЧКАТА РЕВИЗИЈА„ на мојот профил. Откако ќе се најдат-посочат лицата за обработка се пристапува кон утврдување на потеклото на целокупниот нивни имот (пари, недвижности, фирми и бизнис покритија за нивните фирми).

Во таа постапка градоначалник, нема заебанции и сосема мали се шансите дел од испраните пари да се сокријат, а и да се сокријат, големи се шансите тие пари да бидат сосема недоволни за исплата на адвокатскиот тим кој би го застапувал осомничениот во текот на постапката.

Што значи Градоначалник, на пример: 1. ако си уловен за криминал во РМ, 2. ако си покриен во Р.Македонија, 3. ако постојат индиции дека имаш ралации надвор од државава со физички лица и дека таквите релации си имал можност да ги искористиш за трансвер на финансиски средства кои потекнуваат од криминал во РМ, 4. ако лицата немаат покритие за имотот кој го поседуваат, тогаш, едноставно кажано…..СИ НАЕБАЛ.

Љубител на ловот: Жарко Стеваноски