„Фејсбук“ и „Инстаграм“ со нови правила

0
339

Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ воведува забрана за продажба на оружје преку овие социјални мрежи поради загриженоста дека социјалните мрежи може да бидат користени за трговијата со оружје во САД.

„Фејсбук“ во 2014 година објави правила според кои преку овие социјални мрежи е забранета продажбата на марихуана ид руги илегални дроги. Компанијата веќе претходно имаше забрането огласување на компании кои продаваат оружје, а кои не минале низ потребните проверки и кои настојувале да ја заобиколат државната регулатива која се однесува на продажбата на оружје.

Од „компанијата“ соопштуваат дека се поголем број на луѓе овие социјални мрежи ги користат за трговија со работи кои сакаат да ги купат па така најавуваат дека ќе разработат листа на забранети производи.

Во САД моментално се води жешка полемика за ограничувањето на продажбата на огнено оружје. Здруежнијата кои заговараат ограничување на продажбата ја поздравиле одлуката на „Фејсбук“.