ФРАПАНТНО: Од 2004 до 2013 од Македонија нелегално се изнесени 5 милијарди долари, во просек годишно нелегално се одлеваат по 516 милиони долари!

0
284

26120golema

Најновото истражување на организацијата Глобален финансиски интегритет (Global Financial Integrity) од Вашингтон, покажува дека во периодот од 2004 до 2013 година од Македонија незаконски преку разни начини на финансиски трансакции (криминал, корупција и др. начини на даночна евазија) се изнесени 5,168 милијарди долари.

Според истражувањето на ГФИ, во 2008 година имало најголем одлив на нелегално стекнати пари, кога од Македонија се изнесени 928 милиони долари, а во 2011, 834 милиони долари.

mk.jpg

Според ГФИ во просек од Македонија годишно нелегално се одлеваат по 516 милиони долари.

Истражувањето на ГФИ е направено врз база на анализа на податоци за меѓународна размена и платен биланс кои ги објавува Меѓународниот монетарен фонд, податоци на Светска банка, и институции надлежни за борба против корупцијата и криминалот. ГФИ е непрофитна организација која подготвува истражувања и анализи за нелегалното одлевање на пари и дава препораки за спречување на перењето на пари. Основана е во 2006 година во Вашингтон.