ФОТО: Oпштина Центар ги собра граѓаните на „тркалезна маса“

0
232

Forumi-na-zaednicata-10

Зголемување на учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво е целта на првиот граѓански форум во општина Центар, организиран од Центарот на заедницата, во соработка со општината, кој се одржа вчера во хотелот Холидеј Ин.

Општина Центар, рече градоначалникот Андреј Жерновски, се залага за принципите и вредностите на рамноправност, транспарентност, отчетност, соработка, одговорност и демократско владеење. При имплементирање на стратегиите и на стратешките приоритети, општина Центар ќе има еднаков однос кон сите граѓани и нивните здруженија, без разлика на етничка, верска или полова припадност. Целиот процес ќе биде транспарентен, граѓаните ќе бидат активно вклучени, локалната админитрација ќе биде достапна и отворена за предлози, сугестии и идеи.

Forumi-na-zaednicata-3

– Граѓаните за прв пат ќе имаат можност директно да се вклучени во работата на општината преку своите организации и како граѓани, во реализација на проектите кои ќе бидат издвоени како приоритет. Ваквата отвореност на општината кон граѓаните ќе биде практика која полека прераснува во препознатлив стил на негување на демократските принципи и вредности. Општина Центар ќе стане водечка општина во транспарентното работење и вклучување на граѓаните во сите процеси – рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Forumi-na-zaednicata-4

Присутните граѓани имаа можност да ги проследат планираните проекти од предлог-акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации и од истите да предложат приоритетни проекти, кои ќе ги имплементира општина Центар во периодот 2015 – 2016 година.

Forumi-na-zaednicata-7 Forumi-na-zaednicata-11

Фото: Ванчо Џамбаски/CC