(ФОТО) Фросина Ременски седна во министерската фотелја

0
108

frosina min

Денеска во Министерството за труд и социјална политика новиот министер за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски ја презеде должноста министер за труд и социјална политика.

Министерката Ташевска-Ременски го започна првиот работен ден со средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството за труд и социјална политика.

На средбата присуствуваа и дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов и заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими при што разговараа за актуелните состојби во Министерството и исполнувањето на законските надлежности.