(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Заменик министерот за земјоделие, Љупчо Николовски денеска ги посети земјоделците во Битолско

0
659

12299141_126300341069665_4374087759736371043_n

Средби на заменик министерот за земјоделие со граѓаните на Црнилиште, Саждево, Суводол и Ивањевци.

12278980_126300387736327_5650254861866938590_n

Изјава за медиуми

Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Николовски меѓу тутунарите: Ме имате мене, има кој да ве штити

Како дополнителен заменик на министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, денеска сум на терен заедно со мојот тим, во неколку општини во Македонија.

Во овој крај на средби со сутунопроизводителите,  да ги слушнеме нивните проблеми, нивните маки со коишто се соочиле и претходната година особено пред откупот кој треба да започне оваа година.

Главниот проблем е што предвремениот откуп не е започнат, тутунарите имаат проблем со чувањето на тутунот, а ги слушнавме и проблемите коишто ги имаат од минатата година посебно во делот на откупот, на класите,  на ниските цени коишто им се дадени претходната година, на хаосот којшто владее на откупните центри, на незаштитените права при самиот откуп и вклучително на субвенциите коишто треба да им се исплатат.

Мојата главна и клучна порака е дека оваа година тутунарите, производителите на тутун ме имаат мене како заменик министер, имаат на кого да се потпрат и ветувам дека целиот овој период кога ќе почне откупот ќе бидеме постојано на откупните центри. Тутунарите ќе ќе имаат на кого да се потпрат, со кого да разговараат и кој да ги заштити нивните права.

Ги воочивме сите слабости, сите проблеми, сите маки, ова е една огромна категорија на граѓани околу 30 илјади коишто заслужуваат апсолутна заштита од државата во секој поглед. Од самото производство, самиот откуп како и плаќањето на откупот  и добивањето на субвенциите.

Овие субвенции не се партиска туку државна помош којашто овие луѓе со маката со која се соочуваат во целиот  овој период на производство на тутунот задолително мора да ги добијат навремено тогаш кога им се најпотребни.

Ветуваме дека заедно со целиот тим и кабинетот од министерството  за време на целиот откуп ќе бидеме на терен и ќе бидеме во постојан контакт со постојана поддршка на производителите на тутун.

12278965_126300481069651_3497991636233241432_n ljupco nikolovski 1