(ФОТО + ВИДЕО) МАСАКРОТ ВО ПАРИЗ НИЗ ФОТОГРАФИИ И ВИДЕО!

0
271
ATTENTION EDITORS - VISUAL COVERAGE OF SCENES OF INJURY OR DEATH A general view of the scene that shows the covered bodies outside a restaurant following a shooting incident in Paris, France, November 13, 2015. REUTERS/Philippe WojazerTEMPLATE OUT TPX IMAGES OF THE DAY

pariz-napadi

Најмалку 120 лица се убиени во париската концертна сала Батакло, додека други 40 загинаа во серијата бомбашки напади и пукања во главниот град на Франција.

Француските медиуми јавуваат дека 120 загинати е билансот по полициската акција во салата Батакло, каде група вооружени лица држеаа стотина заложници.

Безбедносните сили упаднале во Батакло за да ги ослободат заложниците, кои ги држеа наводните џихадисти. Тројца напаѓачи се убиени.

Претставник на париската полиција соопшти дека во салата е извршен масакр, додавајќи дека напаѓачите ги гаѓале заложниците со експлозивни направи.

ATTENTION EDITORS - VISUAL COVERAGE OF SCENES OF INJURY OR DEATH A general view of the scene that shows the covered bodies outside a restaurant following a shooting incident in Paris, France, November 13, 2015.   REUTERS/Philippe WojazerTEMPLATE OUT TPX IMAGES OF THE DAY

Полициската акција следеше по најмалку шесте синхронизирани напади низ Париз, во кои загинаа најмалку 40 лица.

Светските агенции јавуваат дека полицијата убила пет напаѓачи на различни локации во градот.

Концертната сала Батакло, каде вечерта настапувал америкнскиот рок бенд „Иглс оф дет метал“, се наоѓа на околу 200 метри од поранешните канцеларии на сатиричниот весник „Шарли ебдо“, што џихадистите го нападнаа во јануари годинава.

Други три лица наводно се убиени во близина на стадионот „Стед д Франс“, на северот на градот, каде се играше фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Франција и на Германија. Францускиот претседател Франсоа Оланд беше евакуиран од стандионот, пред мечот да заврши.

Оланд подоцна прогласи вонредна состојба во земјата, најави затворање на границите на Франција и го откажа своето просуство на самитот Г20, што викендов се одржува во Турција. Претседателот исто така распореди дополнителни 1.500 припадници на безбедносните сили низ Париз. Организаторот на натпреварот ги евакуираше посетителите, а на интернет се појави снимка на која фановите, напуштајќи го стадионот ја пеат француската химна.

Police control crowds leaving the Stade de France where explosions were reported to have detonated outside the stadium during the France vs German friendly match near Paris, November 13, 2015.      REUTERS/Gonazlo Fuentes

Другиот напад се случил во камбоџиски ресторан, во близина на концертната сала Батакло.

Градоначалничката на Париз, Ен Идалго ги повика граѓаните да останат дома.

French fire brigade members aid an injured individual near the Bataclan concert hall following fatal shootings in Paris

Франција е во состојба на зголемена готовност, откако џихадистите во јануари го нападнаа сатиричниот весник „Шарли ебдо“ и еврјеската балакница, при што убија 17 лица. Полицијата изминатите десет месеци успеа да спречи неколку терористички напади.

Повеќе од 500 Французи се борат на страната на Исламска држава во Сирија и Ирак, покажуваат податоците на француското МВР, според кои 250 лица веќе се вратиле во земјата, а 750 се подготвени да заминат во завојуваните блискоисточни земји.

General view of the scene with rescue service personnel working near covered bodies outside a restaurant following shooting incidents in Paris, France

ATTENTION EDITORS - VISUAL COVERAGE OF SCENES OF INJURY OR DEATH    General view of the scene where a victim is seen on the sidewalk outside a cafe near the Bataclan concert hall following fatal shootings in Paris, France, November 14, 2015.  REUTERS/Christian Hartmann