ФОКУС: Гласачи од лажните лични карти: Шокирани сме од кражбата на нашиот идентитет!

0
77

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ПРЕРОДБЕНИЧКО СЕМЕ НА ЗЛОТО
Дополнителниот-заменик министер излета со епохалната мисла „за помалку од 5 работни дена може министерот да го расчисти случајот со фалсификуваните лични карти“. Ете зошто Македонија се смести меѓу ретките европски држави со политички мотивирани процеси. Чавков, поддржан од Јанкуловска и Мијалков, за 5 дена средувал „непријатели„ …пардон пријави! Кога беа МВРО-ВМРО!? Сосе „понадарените“ на началникот  или без нив, чисто информативно да ни разјасни допoлнителниот!?

ИДЕНТИТЕТСКА КРАЖБА
Во потрага по гласачите од лажните лични карти откривме дека дел од нив се граѓани кои одамна не живеат во Македонија. Некои, пак, се тука, но тие, нивните роднини или соседите, за „Фокус“сведочат оти лажните лични картиочигледно се печатени со нивниот украден идентитет

ПОЛИТИЧКО НАСИЛСТВО
Обвинителството тврди дека немало траги на насилство врз телото на екс разузнавачот Горан Софески, кој беше пронајден мртов додека бил на лов, но тој бил објект на друг тип насилство – притисок, мобинг, казни и деградирања зашто ги критикувал Груевски, Мијалков и Јанкулоска

КРИМИНАЛЕН РЕЈТИНГ
Причината зошто поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е таква каква што е, е фактот што целиот мафијашки, корупциски, клиентелистички и пропаганден режим на владеење на Груевски и на Фамилијата се уште се држи и функционира. Уште колку долго?

ДАНОЧНА ИЛУЗИЈА
Владата се фали дека Македонија има најниски даноци во светот, но опозицијата, стопанствениците и експертите обвинуваат дека граѓаните и компаниите се оптоварени со многу високи казни и скриени давачки

ПРЕПОЛОВЕНА ОБВРЗНИЦА
Во текот на „преговорите“ меѓу Ставрески и Наумов, се одвивала вистинска драма. СДСМ нејќел ни да чуе за задолжување поголемо од 200 милиони евра а Ставрески долго време не попуштал од најавените 500 милиони. За да нема „пржинско вето“, џентлменски се договориле за евро-обврзница од 250 милиони!

ОПОЗИЦИЈАТА Е ПРОЗАПАДНА, А ГЛАСАЧИТЕ?
Ако во 2006 Никола Груевски си зацртал по десет години да биде „полн како брод“ – тогаш неговиот план се има покажано како успешен. Ако, пак, планот му бил да ја спаси Македонија од сиромаштија и да ја интегрира во евроатлантските структури – тогаш планот очигледно претрпел катастрофален неуспех.

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Наместо да си правиме „филмови“, може на 24 април да се случи нов тежок пораз на опозицијата. За да се избегне тоа потребно е објективно и внимателно да се оценат сите фактори што во меѓувреме би го свртеле расположението на гласачите во правец на опозицијата

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Согласно Уставот и законите во безбедносните служби може да се вработи секаков џган и пробисвет. Не постојат никакви правни и морални пречки овластено службено лице или полициски службеник да биде индивидуа која била осудувана и за тешки кривични дела