Утрово мртво бебе било донесено во болницата во Кавадарци

0
142

Утрово околу 4 часот и 45 минути од Здравствен дом Кавадарци во Полициска станица Кавадарци е пријавено дека кај нив е донесено починато бебе. Информацијата ја потврдија од СВР Велес.

По наредба на надлежен Јавен обвинител излезено е на самото место, се работи на целосно расветлување на настанот, соопшти СВР Велес.
Од Јавното обвинителство од Велес потврдија дека наложиле обдукција. Од кавадаречката Брза помош  изјавија  дека бебето не давало знаци на живот и лекар од Службата само ја констатирал смртта.
Бебето било однесено до кавадаречката општа болница од каде пријавиле во полиција.