Уништено спортското игралиште во новата населба во Демир Хисар

0
244

До нашата редакција пристигнаа фотографии на уништено спортско игралиште а воедно и писмена реакција на жителите од Демир Хисар.

Ова место одсекогаш било празно преполно со кал, неупотребливо велат во писмото до нашата редакција жителите на Демир Хисар.

Поранешниот Градоначалник Љубчо Најдовски од редовите на СДСМ го направил спортско игралиште а во долниот дел детско со лулашки. Од тогаш велат тие се промениле уште два градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ( Тони Ангелески и сегашниот Љупчо Блажески ) кој го уништиле ова игралиште во Демир Хисар.

a

Како што се гледа на фотографиите некои ги паркирале своите возила а некои пак го собраат гравот од нива и го сушат баш на игралиштето и остатокот односно мешумките  ги оставаат да се распаѓаат на него преку цела година,  баш на игралиштето каде што младите ТРЕБА ДА СПОРТУВААТ.

Жителите на Демир Хисар исто така реагираат и за едната статива која се наоѓа падната додека другата велат тие сигурно била земена за нечија потреба како и мрежите.

Ова беше единствено место за младите од новата населба да спортуваат но ете крајно неважна за Локалната самоуправа да види што се случува и да поведе сметка за игралиштето. Навистина жалосно, и срам за Градоначалникот Блажески – велат во писмената реакција до нашата редакција жителите на Демир Хисар.

d f s