УНИТЕТИ: Дали интересите на ДУИ вредат повеќе од здравјето на тетовци

0
179

Унитети бара оставка на министерот за екологија Нурхан Изаири и апелира Владата да го почитува законот и веднаш да ја затвори фабриката „Југохром“.

Партијата Унитети реагира на, како што вели, рамнодушноста на Владата, посебно на албанската партија ДУИ, кон одолговлекувањето на решавањето на проблемот во случајот „Југохром“.

„Сега кога градот Тетово се наоѓа на врвот на списокот на најзагадени градови во светот, нејасно е молчењето на албанската партија во власт и нејзиниот министер за екологија, кои го трујат населението од оваа зона. Прекршувањето на роковите за поставување на филтри и незатворањето на ‘Југохром’ е уште една потврда за презирот кон ДУИ од страна на нејзиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, или зад ова се кријат материјални интереси на одредени лица од двете партии на власт. Дали интересите на одредени лица во ДУИ вредат повеќе од животите на граѓаните на Тетово?“, прашуваат од „Унитети“.

Оттаму велат дека за руските сопственици на „Југохром“ не важат законите, бидејќи партиите на власт ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги сместиле нивните партиски војници во менаџерскиот персонал на полошкиот трујач.