Тастерите на Грујо си формираа комисија за аферата со личните карти, Илија Димовски си го избраа за претседател

0
328

Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, ќе биде претседател на анкетната комисија што треба да се занимава со расчитување на скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи, одлучија денеска членовите на Комисијата за изборите и за именувањата, јавува „Мета“.

Претставниците од СДСМ не присуствува на денешната седница на Комисијата за избори и за именувања ниту, пак, предложија свои членови.

Потпретседател ќе биде Љупчо Димовски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, а членови од владејачката партија ќе бидат Трајче Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон Чибишев и Драган Данев.

Претставници на ДУИ во оваа комисија ќе бидат Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА – Газменд Аљији, додека независен член ќе биде Солза Грчева.

Предвидено е во оваа комисија бројот на членови да биде ист како и во Анкетната комисија за прислушувањето, односно вкупно 16 члена, од кои осум од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен член.

Претседателот на Комисијата за избори и за именувања, Зоран Илиоски, рече дека кога ќе стигнат предлозите од СДСМ, тој ќе закаже седница на која ќе бидат додадени новите членови. Илиоски, исто така, рече дека ако СДСМ поднесе барање за јавен пристап до информации, за документите, со дипломата и со работниот стаж на Силвана Бонева, во рок од 24 часа тие ќе им бидат дадени на увид. Тој, исто така, рече дека претставници од СДСМ можат да дојдат кај него во канцеларија, каде што тој ќе им ги покаже документите.

Извор: Мета