Спасов: Американските ПР агенции и лобисти платени со пари од Груевски почнаа да си го заработуваат лебот

0
1248

Американските ПР агенции и лобисти платени со пари од Груевски почнаа да си го заработуваат лебот. Видете ја оваа изјава на американски експерт и поранешен портпарол на Пентагон, што ја објавува Курир, како да е пишувана во кабинетот на Груевски.

„Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на преимерот во обид да го уценува – тактика која би била незамислива во било која западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес. Притоа, лесно може да се забележат обидите на Москва да се вмеша во кризата – Кремљ работи против европските интеграции. „ Нему и Сергеј Лавров би му честитал на ваквото поврзување на опозицијата со Москва.А слушнал ли тој за каков криминал се работи и за какви злоупотреби во тие „тајно снимени и монтирани разговори„ и дали тоа би било замисливо да се прави во некоја западно демократска земја.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов