Спасовски за Утрински: Допрва ќе се види кој, кому и што подметнувал

0
421

Се ќе открие истрагата што се води. Внимателно ги следам шпекулациите и манипулациите со коишто се полнат вестите на медиумите под контрола на власта. Дел од овие медиуми објавуваат цели конструкции и тоа различни медиуми одат со потполно исти формулации на реченици, што значи дека потекнуваат од еден центар, со свои политички цели. А при тоа, официјалните информации од МВР не ги пренесуваат. Но, да почекаме, кој, кому, што подметнува, истрагата се’ ќе разоткрие, а сите инволвирани во скандалот ќе ја понесат својата одговорност, вели во интервју за Утрински министерот Оливер Спасовски, прашан како дел од бомбите се наѓал во компјутер на осомничен и дали се тие дел од опозициските бомби.

Утрински: Која е улогата на Бекири и Аднан Сума во аферата со личните карти?

Спасовски:
 Истрагата за фалсификуваните лични карти е во тек. Реков, од неа се’ ќе стане јасно. За овие лица кои ги споменувате, Обвинителството нема побарано притвор во врска со случајот „Фалсификувани лични карти“.

Утрински: На кој начин МВР ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список пред изборите?

Спасовски: МВР за ова ги презема и ќе ги преземе сите потребни чекори според законските надлежности и овластувања. Како што знаете, Избирачкиот список сега е во целосна надлежност на Државната изборна комисија, која треба да ја утврди методологијата на прочистување. Но, роковите за ова се одамна пробиени. По сите злоупотреби што ги најдовме и тоа само што чепнавме на површината околу начинот на којшто се издавале лични документи од страна на МВР, со коишто се гласа, повеќе од јасно е дека постојниот Избирачки список е крајно спорен, со сериозни индикации за криминални податоци во него, што ги компромитираат изборите. Без нов, кристално чист, доверлив Избирачки список, не се можни фер избори.

Утрински: Се добива впечаток дека сте „изолиран“ министер во МВР. Соработуваат ли началниците на секторите со Вас, се соочувате ли со одредени опструкции?

Спасовски:
 Тоа е пуста желба на власта. Во МВР има одлични професионалци и луѓе кои си ја знаат работата и сакаат да работат професионално. Сите тие соработуваат. Зар сам ќе можев да отворам ваков сериозен скандал каков што е овој со издавањето незаконски лични карти. Реков, луѓето ја видоа мојата искрена намера, МВР да им помогне на граѓаните и на Република Македонија и на мое големо задоволство тоа веќе се случува. Полицијата им се враќа на граѓаните. Тоа е незапирлив процес.

Целото интервју со министерот Спасовски прочитајте го ОВДЕ.