СКАНДАЛ: Сопругата на Чавков зема огромна плата со незаконско решение

0
560

Јасмина Чавкова, сопруга на заменик минстерот за внатрешни работи, до 2006 година работела во службата за матични податоци во Струмица.

Со доаѓањето на Митко Чавков за началник за организиран криминал во МВР, тој веднаш си ја донел сопругата во секторот за прекршоци во МВР. Но, поради нејзината неспособност и за да го избегне срамот во МВР, Чавков набрзо ја преместува во гранична полиција, сместена далеку од дворот на МВР во просториите на МТВ,пренесува Центарњус.

Сопругарата на Чавков веднаш се поврзува со Валентина Димовска, сопруга на Златко Димовски кој е професор на факултетот за безбедност кој пак дели канцеларија со Љупчо Тодоровски-Радникот кој пак докторираше со напишана докторска дисертација од пензиониран професор од истиот факултет.

Семејството Димовски и Чавкови поминувале незаборавни викенди а за тоа Чавкова вопшто не се штедела кога се фалела. Со последната систематизација Чавкова добила решение со 1050 бода а реално согласно образованието и искуството кое го имала требала да прима плата како за 650 бода.

Решението е доделено лично од нејзиниот сопруг, пред да биде сменет од министерското место. Чавкова за да го покрие своето образование дипломирала на еден од приватните универзитети кои се срам за образованието во Македонија. Од извори од одделението за правни работи дознаваме дека Чавкова сеуште решението го држи во фиока бидејќи за истото не исполнува услови. Со самото решение платата на Чавкова енормно се зголемила.