СДСМ и здружената опозиција со заедничка и едногласна одлука : Не учествуваме на избори на 24 април без прочистен список и закон за медиуми!

0
320

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција“, стои во соопштението на партијата.

„На вечерашната средба на претседателот Заев со коалициските партнери, на којашто присуствуваше и Стево Пендаровски изразена е единственост во позициите за чекорите што се преземаат и ќе се преземаат во врска со политичката ситуација во земјава.

СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори.

Избирачкиот список мора да се прочисти.

Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите.

Sredba-Zaev-so-koalicija2-670x377

Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија и само на такви избори ќе учествува опозицијата.

За СДСМ и коалициските партнери не се прифатливи избори на 24 април.

СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април.

Sredba-Zaev-so-koalicija3-670x377

Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.

Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста“, стои во соопштението на СДСМ.