СДСМ: Уредникот Груевски во изминатите 10 години ја задуши слободата на медиумите

0
239

Фактите говорат дека Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници. Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потврдена и во Извештајот на Европската комисија. Уредникот Никола Груевски во изминатите 10 години ја задуши слободата на медиумите во Македонија, реагира СДСМ.

„Мртовечки венец беше испратен до семејството на новинар, критичар на владините политики, се вели во Извештајот во којшто е забележан и физичкиот напад на Владимир Пешевски, во Македонија познат како господинот „дил-ориентед“ врз уредник на еден интернет портал. Клучната порака на Европската комисија е дека јавноста мора да има пристап до објективно и точно известување, особено од јавниот радиодифузен сервис. Комисијата дополнува дека има недостаток од транспарентност при трошењето на парите од страна на владата за рекламирање. Уредникот Никола Груевски најголем проблем има со вистината“, се наведува во соопштението.

Партијата порачува дека Македонија и нејзините граѓани сакаат враќање на слободата за медиумите.

„По 24-ти април, во слободна Македонија предводена од СДСМ и Зоран Заев, слободата на медиумите ќе биде загарантирана. Правото медиумите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од било каков притисок ќе биде обезбедено. Недомаќинското и расипничко трошење на парите на граѓаните ќе заврши“, велат од СДСМ.